Бараа 11 добија 6 денари за пченицата

0
5252

Во година, кога имаме рекордни приноси по хектар посеана пченица, цената на лебното зрно се откупува по 6, 7 или 8 денари. Земјоделците револтирани зад камера велат дека оваа откупна цена не ги покрива ни основните трошоци.Сега цената е преполовена, а трошоците за производство се три пати зголемени во споредба со деведесеттите години. Првично како што велат земјоделците им беше најавена цена не пониска од 11 денари, а сега нивното жито се откупува за 5 денари пониска цена од ветената. А така им беше ветено и од претсдателот на Сојузот на земјоделците на Македонија

-Најниска цена која е за нас прифатлива е 11 денари и од неа неможе пониско ние да прифатиме да се откупува пченицата од земјоделците,  изјави Вељо Тантаров, претседател на Сојуз на земјоделци на Р Македонија на 10 јуни годинава

 

Повеќе пати се обидовме да стапиме во контакт со Тантаров претседателот на Сојузот на земјоделци , за да го прашаме што да прават земјоделците, дали да го предаваат лебното зрно или пак ако постои можност за повисока цена да го чуваат дома, но до овај актуел не го добиеме. Неодамна Владата на Република Македонија ја донесе Уредбата која предвидува 6.000 денари дополнителна субвенција за хектар пченица.Како што тогаш соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Уредбата се предложи заради потребата од зголемување на финансиската поддршка за производителите на пченица, првенствено заради ниската откупна цена, намалениот интерес за откуп и зголемениот увоз на пченица и брашно од Србија.Останува отворено прашањето зошто секоја година производителите се соочуваат со овај проблем?