Бараат топол дом

0
1324

Сигурно се сеќевате на нивната животна приказна која што ја објавивме уште во летото. Тоа се двајца пријатели, 53 годишниот Пеце Андреевски и 50 годишниот Сашо Дахан кои како што велат судбината ги споила. Од летото кога во месец јули ја објавивме нивната приказна, па досега никој од надлежните не им излегол во пресрет. Без егзистенција и покрив над главата пред три години дом побараа во напуштена разрушена куќа во центарот на градот . Денот го започнуваат со парче сув леб и со вагета.

Двајцата со здравствени проблеми , велат дека маката кога е споделена полесно се пребродува. Ако падне снег велат дека може куќата над нив да се сруши.

– Имам здравствени проблеми , мозочен удар, ангина пекторис, асма, спондилоза,  изјави Пеце Андреевски. Сашо Дахан на времето вели дека ги вртел планините , судбината си поиграла со него, поради гангрена на ногата речиси не може да се движи. Тој во разрушената куќа живее 5 години. Времето го поминува лежеќи во креветот, станува само со помош на неговиот пријател или пак со патериците. Социјалната помош која ја земал не стигала ни за лекови.

Бараат надлежните или некој хуман човек да им помогне и да им овозможи да се најде кров над главата.

-Помош бараме многу време не е од сега само, само нема никој слух за тоа, изјави Сашо Дахан
Велат надешта последна умира. Сашо и Пеце бараат скромно сместување, бидејќи во разрушената куќа немаат никакви услови за егзистенција.Се надеваат дека хуманите луѓе ќе им помогнат и со храна , облека и лекови кои им се неопходни.