Бараме дом за Леа

0
475

Во здружението за заштита на животните и животната средина Мали херои од Битола, неодамна беше донесено кученце за кое итно се бара дом.
Се работи за Леа која на која едната шепа и е пократка од другата што не ја спречува да оди и функционира како нормално кученце.
Мали херои, секојдневно се грижат за поголем број бездомни животни низ улиците на Битола, а за вдомување на Леа се обратија кај нас со цел што побрзо да се најде дом.
Неодамна активистите на Мали Херои вдомија и штрк во Охрид.
Инаку ова здружение постојано организира трибини, настани и едукативни работилници, со цел едукација на граѓаните околу грижата за животните.