Бараме начин повторно да се свика Собранието

0
500

Лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од неколку сопартијски претпладнево оствари средба со германскиот претставник кој е во дводневна посета на Македонија за политичката криза Јоханес Хајндл.

Ахмети вели дека делегацијата на ДУИ ги претставила своите ставови за решавање на кризата и дека не би било добро на 5 јуни да има избори со оглед на имиџот на нашата земја.

– Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за скопскиот договор. ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни сметаме дека не би било добро да се одржат, поради имиџот на нашата земја. Бараме начини како може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања – изјави Ахмети.

Претходно утринава на средба со Хајндл беше  лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој по средбата кусо изјави дека тоа биле почетни разговори и оти ништо конкретно не е договорено.

Хајндл вчера разговараше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. По средбата со Хајндл од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека на германскиот пратеник му било пренесено дека партијата е посветена на изнаоѓање на брз излез од политичката криза.