Барса ја освои двојната круна во Шпанија

0
123

Фудбалерите на Барселона ја освоија двојната круна во шпанското првенство, откако по тиутлата во првенството ја освоија и онаа во националниот Куп. Во финалениот меч кој се одигра на „Нои Камп“, Барселона славеше над Атлетик Билабо со 3:1. До 26-та титула во Купот на Кралот Барселона ја предводеше Лео Меси кој постигна два гола.

Барселона во финалето ја потврди фавортиската улога, а серијата на голови на отвори Меси во 20.минута, тој наниќа неколку играчи на Атлетик и со удар во поблискиот агол го отвори резултатот.

До крајот на полувремето Нејмар ја дуплираше предноста на Барселона, откако несебично беше проигран од Луис Суарез.

Меси во 74.минута го постигна својот втор гол, трет за Барселона, а конечниот резултат го постави Ињаки Вилијамс во 80.минута.

Барселона ќе има можност да освои уште еден трофеј сезонава, на 6.јуни во Берлин Каталонците против Јувентус ќе играат во финалето во Лигата на шампионите.