Барса се откажува од Погба – Вистина или предизборна тактика?

0
228

pogba 22

Претседателот на Барселона, Џосеп Бартомеу изјави дека клубот нема во овој преоден рок да го ангажира играчот на Јувентус, Пол Погба. Европскиот шампион има забрана за трансфери се до јануари 2016 година, но во преговорите кои минатата недела ги воделе преставници на двата клуба од Барселона се обиделе да ги убедат колегите да склучат договор според кој Погба во Каталинија биде преселил на „Ноу Камп“ наредното лето. Инаку, во понеделникот, првиот човек на Јувентус Андреа Ањели навести дека Погба би можел да замине во овој преоден рок, а за неговите услуги се заинтересирани ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.