Барселона го доби супер-трилерот во Тбилиси

0
263

Во натпревар со дури девет гола, Барселона ја победи Севиља со 5:4 и го освои Супер Купот на Европа. Со гол на Педро во 115 минута, Барселона дојде до трофејот од Супер Купот на Европа кој се играше во Тбилиси. Возбудувањата на овој неверојатен меч започнаа уште во 3 минута кога Банега од слободен удар и донесе водство на Севиља од 1:0. Во продолжението следуваа два прекрасни гола на Меси од слободен удар за комплетен пресврт и водство на Барса од 2:1. Рафиња и Суарез реализираа за 4:1 и во тие моменти се чинеше дека победникот е решен. Но Севиља не се предаде, Рејес, Гамеиро и Конољанка постигнаа погодоци за изедначување на 4:4. Натпреварот влезе во продолженија, на пет минути до истекот на нив, Педро веројатно со својот последен гол во дресот на Барселона ја донесе победата. Фудбалерот кој пред мечот најави дека ја напушта Барселона беше јунак исто како пред 5 години во Монтекарло против Шахтар. Барса го стигна Милан на вечната листа на ова натпреварување, Дами Алвес со четвртиот трофеј е рамо до рамо со Малдини, а тимот на Луис Енрике сонува шест трофеи во една календарска година, како што има освоено само Гвардиола со Барса во 2010 година.