Баша повика на граѓанска непослушност

0
528

Претседателот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша, вчера повика на засилување на протестите против власта и за денеска најави блокада на главните патишта, притоа критикувајќи ја полицијата што не издала дозвола за протестите. Баша рече дека сите полицајци што ќе се обидат да ги сопрат демонстрантите, ќе бидат снимани и со дронови и од тлото.

Во текот на кампањата во Ѓирокастро, тој порача дека нема да дозволи да се случи „втора 1997“ и ги повика гласачите да избираат „помеѓу Европа и протестни шатори“. Ги отфрли обвинувањата од албанскиот премиер Еди Рама, велејќи дека „опозицијата е решена да ја продолжи битката до самиот крај, без кршење на ниту еден прозорец“.