Башар Асад во ненадејна посета на Москва

0
570

Сирискиот претседател Башар ал-Асад имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин за време на својата ненајавена посета на Москва, пишува британски Би-Би-Си.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков изјави дека Асад „дошол во работна посета на Москва.“

Русија започна воздушни напади во Сирија на крајот на септември. Москва тврди дека мета на нападите е Исламската држава и дуги милитантни групи што војуваат против владата.

Песков им рече на новинарите дека двајцата лидери дискутирале за борбата против терористички групи, продолжување на руските воздушни напади и сириските планови за својата војска.
Нема информации дали Асад е сеуште во Москва или веќе се вратил во Дамаск.

Ова е прво официјално патување на Асад по започнувањето на цивилната војна во Сирија во 2011 година, објави сириската државна телевизија.