Бавен е процесот, но Ромите се интегрираат

0
274

Како народ со индоеврoпско потекло, расселени на секаде низ светот без своја матична држава, Ромите се смета дека се најнееманципираните, најнеитегрираните и најнеразвиените народи во светот. Обично ромските населби и живеалишта се наоѓаат во руинирана состојба и поради тоа Ромите имаат најкраток животен век од сите европски народи. Поради нивната огромна сиромаштија често владеат и предрасуди врзани за нив. Најчесто тие се наоѓаат на маргините на општествата, со изразито висока стапка на невработеност и низок степен на образование.
Интеграцијата на ова население е нешто на што е ставен фокусот во последниве 10- на години во земјава, но стереотипи дека се народ кој не сака да работи ами да живее на грбот на Државата, постојат.

Најлојален народ, најтрудољубив народ кажете ми кој е тој кој седнал 24 часа дома и не сака да му обезбеди егзистенција на своите деца, рече министерот без ресор Неждет Мустафа при последната посета на Битола.

Во денешно време Ромите главно се интегрирани во општеството со останатите народи, најголемиот напредок на Ромите во последните години е во делот на образованието на кои што има студенти во многу факултети низ сите европски земји.

Такви стереотипи постојат и ќе постојат, но јас сум охрабрем од проектите нма Владата кои нудат мултиетничка програма на интеграција на Ромите,вели Мустафа

Во Македонија, најголемиот број на корисници на социјална помош се токму од ромската заедница.Историјата за Ромите покажува дека се најмирољубивиот народ и дека никогаш против никого не кренале пушка односно никогаш не војувале, биле лојални граѓани на земјата во која што живеат и се бореле во сите војни против непријателот од било која земја да доаѓаат.