Базенот Довлеџик 10 години под концесија

0
280

На почетокот на јули ќе започне со работа базенот Довлеџик. Некогаш едно од омилените места на битолчани за разладување во летните горештини, после подолг период повторно ќе профункционира. Спортско-рекреативниот комплекс Довлеџик кој е во сопственост на ЈП Стрежево, од неодамна е даден на концесија на приватно лице, а концесијата е издадена на 10 години. Директорот на ЈП Стрежево, Марјан Ѓероски за Тера вели дека регулацијата на базенот, односно на водите, останува како обврска на Стрежево, а ќе остане и понатаму компензационен базен кој во летниот период понекогаш се користи и за наводнување и за собирање на вишокот технолошка вода.

MAJA_BAZEN_002_copy.jpg

Под концесија се дадени 3500 метри квадратни бетон, кои може да се користат за поставување на шанкови, лежалки и останати реквизити. На концесионерот му се дава можност гости да го користат базенот, но за тоа ќе треба да се организира спасителска служба. Исто така му се дава можност користењето на спортските терени и игралишта кои се дел од овој комплекс. Ќе се направи и реконструкција на тоалетот на влезот. Исто така од страна на концесионерот се разговарало и за изградба на Аква парк, но за тоа дополнително ќе се одлучува. Од Стрежево велат дека секоја нова градба мора да има одобрение од Јавното претпријатие. Давањето под концесија на Довлеџик е од бенефит за Стрежево, вели Ѓероски и дополнува дека е убеден дека ќе заживее.

Базенот Довлеџик е од бетон, а водата во него е езерска која редовно се испитува лабораториски. и не е третирана со хлор.