BBC: Избори во ФИФА на 16-ти декември

0
157

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), најверојатно на 16-ти декември ќе ги организира вонредните избори на коишто ќе биде избран новиот претседател, пренесе британскиот јавен сервис BBC.

Досегашниот претседател на ФИФА, Јозеф Сеп Блатер, поднесе оставка на функцијата, по само четири дена откако беше реизбран, поради корупцискиот скандал. Блатер кога ја поднесе оставката објасни дека ќе остане на чело на организацијата сé до изборот на новиот претседател.

„Конечната одлука околу одржувањето на претседателските избори нема да биде донесена пред 10-ти јули, но се верува дека изборите ќе се оджат во втората половина на декември“, наведува BBC.

ФИФА потврди дека во јули Извршниот одбор ќе одржи вонреден состанок на кој ќе биде одреден датумот за одржување на изборите.

Можен кандидат за претседастел на ФИФА е јорданскиот принц Али бин Ал-Хусеин кој на последните избори му беше противкандидат на Блатер, но се повлече од трката пред одржувањето на вториот круг.

Како потенцијален кандидат се споменува и јужнокорејскиот милијардер Чунг Монг Јун./крај/мф/нц

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax