BBC: Специјалците со солзавец ги растеруваат мигрантите

0
2992

Специјалците на македонската полиција употребија солзавец за да ги потиснaт мигрантите кои се обиделе да влезат од граничната зона во Македонија, објави новинската агенција Ројтерс.

Полицијата во опрема за разбивање на немири, која стои зад бодликавите живи, испали солзавец во обид да ги потисне луѓето кои сакаат да пројдат низ Македонија на пат кон Унгарија и Шенгенската зона на ЕУ, објави BBC.

Македонското министерството за внатрешни работи се уште ги нема потврдено овие информации.

Екипите на UNHCR се на терен и ја следат состојбата но, за сега нема објаснување од нивна страна.