BBC: Уапсени високи функционери на ФИФА

0
130

Швајцарската полиција под обвинение за перење на пари, рекетирање и корупција, уапсила неколку функционери на Светската фудбалска федерација (ФИФА), пренесува британскиот сервис BBC.

Не е познато колку лица се уапсени во полициската акција, иако агенцијата AP пренесе дека станува збор за шест лица кои биле високо позиционирани во организацијата.

Според BBC, полициската акција била спроведена во средата наутро во Цирих, а обвиненијата се однесуваат за рекетирање, перење на пари и измами направени во последните 20 години.

Инаку членовите на ФИФА се собираат во Цирих поради редовниот годишен состанок кој ќе се одржи во петок. На тој состанок актуелниот претседател Сеп Блатер од делегатите ќе побара доберба за да му биде доделен и петтиот мандат на чело на ФИФА.