Бебе спасено по три дена од урнатините на зградата во Најроби

0
362

Кениските спасувачи извлекле шестмесечно бебе од урнатините на зградата која минатиот петок ноќта се урна во главниот град Најроби, и го предале на нејзиниот таткото во вторникот, повеќе од три по несреќата.
Засега е потврдено дека најмалку 23 лица го загубија животите, по неколку десетици луѓе уште се трага, а 140 засега се спасени во уривањето на шесткатната станбена зграда во квартот Хурума во Најроби. Полицијата ги испитува сопствениците на зградата, откако претседателот Ухуру Кенијата наложи тие да бидат притворени.

„Детето кое било затрупано најмалку 80 часа, е пронајдено во канта, замотано во покривач. Се чини дека било дехидрирано, но нема физички повреди“, соопштија од кенискиот Црвен крст, кои сметаат дека мајката е меѓу загинатите.

Бебето по име Деалерин Сисе Васике, за кое лекарите процениле дека е на возраст околу половина година, го идентификувал неговиот татко по брзото закрепување во болницата. Судбината на мајката сé уште не е позната, прецизирал службеник на Црвениот крст.

Уривањето на оваа зграда, за што како причина се наведуваат обилните дождови на почетокот од дождовната сезона во Кенија која трае во периодот април/мај, е најновата од овој вид во Најроби кој е најброзорастечката африканска метропола, која се соочува со брзо градење доволни станови за приливот нови граѓани, при што често се занемаруваат градежните стандарди и прописи.