Унгарија е на потег, мигрантите од Македонија и Србија почнаа да пристигнуваат

0
263

Се работи за првата група мигранти кои пред три дена беа пуштени од македонските и српските власти да го продолжат посакуваниот пат кон земјите членки на ЕУ. Денеска и утре се очекува на границата на Србија со Унгарија да пристигнат повеќе од 6.000 бегалци.

Унгарија неодамна почна да го гради ѕидот на границата со Србија за да се спречи илегалниот влез на мигрантите во нивната земја. Ѕидот висок 4 метри и долг 175 километри ќе биде готов на 31 август.

Денеска се очекува нов бран на бегалци од Грција кои грчките власти неконттролирано ги превезуваат на границата со Македонија.

Деновиве зачестуваат апелите на претставници на ЕУ за помош на Грција, Македонија и Србија за „западно балканската рута на бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан“ и за дефинирање на политиката на унијата за бегалците.

www.mkd.mk