Бегалската криза ќе трае и понатаму, не очекува втор мигрантски бран

0
392

Имаме најави за втор мигрантски бран што се очекува во текот на ова лето, кој ќе биде сосема поинаков од искуствата кои ги имавме со првиот мигрантски бран. Овој бран е веќе тргнат и се чувствува во централно медитеранскиот коридор, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов при  посетата на Министерството за внатрешни работи.

Иванов посочи дека посетата е во склоп на посетите на институциите и надлежните во справување со мигрантската криза, односно со сите оние кои се вклучени во кризниот менаџмент во справување со сите предизвици кои ги имаме со мигрантскиот бран.

– Сето ова е во функција на најавите дека не очекува втор мигрантски бран. Министерот, заедно со директорите ме информираа за сите научени лекции и сето она што го имавме во првиот бран. Сите мерки се преземени, од голема корист се полицајците од земјите членки на ЕУ и балканскиот регион. Сите активности се синхронизирани, нашиот кризен менаџмент дневно известува за сите обиди за влегување и отворање на балканскиот регион, рече Иванов.