Бегалската криза во земјава и надвор

0
413

Низ Македонија во изминатите два месеца поминале 250 илјади бегалци од Блискиот, средниот исток и Африка, а не се исклучува можноста дел од нив да останат во земјата, сметаат воено политички аналитичари, во рамки на европската бегалска криза и можните последици по безбедноста на државата. Македонија троши околу еден милион евра месечно за да им помогне на бегалците и мигрантите, а за зајакнување на полициските сили се трошеле 800 илјади евра месечно. Ние сме транзитна земја крајната станица на овие луѓе се земјите на Европската Унија.

др.Ервин Шмидл воен ветеран од Австрија вели дека и неговата земја е зафатена од бегалскиот бран и имаат проблем што во неговата земја бараат и азил, а сепак се транзитна земја.

Меѓу овие бегалци кои се присилени да ги напуштат своите огништа поради виорот на војната во нивните земји, можат да се поткраднат или да пројдат и непосакувани гости, жители кои доаѓаат со разни идеологии и кои имаат определени задачи за реализација на непријателски активности во земјите низ кои проаѓаат.

Шмидл додава дека Европската Унија неопходно е во кус можен рок да изнајде трајно решение.

Бегалската криза претставува безбедносен и здравствен проблем за граѓаните во Македонија и затоа структурите задолжени за безбедноста во државата мора да посветуваат многу поголемо внимание. Бранот бегалци предизвика страв кај голем број граѓани по однос на мирот, по однос безбедноста и ги поларизира односите помеѓу луѓето кои се понационалистички определени и оние кои се похуманитарни.