Бегалци од Грција влегуваат во Бугарија

0
736

Група од 60 бегалци и мигранти  ја минале грчко-бугарската граница и се задржани во станица на граничната полиција во Петрич.

Засега не е јасно од каде влегле мигрантите на бугарска територија. Вчера група од стотина мигранти, најверојатно од оние кои се префрлени од кампот во Идомени во внатрешноста на Грција, тргнале кон грнаичниот премин Промахон-Кулата, на грчко-бугарската граница. Грчката полиција успеала да врати 20 лица, но останатите успеале да ја преминат границата, јавуваБГНЕС.

Припадници на бугарската aрмија веќе се подготвуваат да заминат кон границата заради зајакнување на нејзината заштита. Денеска попладне имало и извештаи за судир меѓу полицијата и бегалците, но не се знае дали на грчка или на бугарска територија.