Бегалци заглавени кај „Идомени“, затворена границата со Грција

0
512

Голем број бегалци и имигранти има на пунктот „Идомени“, откако властите во Македонија ја затворија границата со Грција.

Наметната е и забрана за авганистански мигранти да поминуваат низ нашата  земја.

Македонските гранични органи веќе не ги прифаќаат службените белешки издадени од грчките власти и сакаат сите бегалци да поседуваат пасоши или лични карти.

Од вчера во реонот на бензинската пумпа на пунктот „Идомени“ идат огромни количини бегалци – десетици автобуси донесоа над 3 илјади луѓе.

Некои од нив се одлучиле да стигнат пеш до неутралната зона на границата на растојание од 20 километри. Грчката полиција прецизираше дека приливот на бегалци од Ирак и Сирија досега е исклучително бавен, и дека вкупно 4 500 луѓе сега чекале да преминат на македонска територија.