Бегалците да си го платат престојот

0
549

Бегалците кои пристигнуваат во Швајцарија и Данска треба да им дадат на властите пари или се што е вредно повеќе од 900 евра за да помогнат во покривањето на нивните трошоци додека престојуваат во некоја од двете држави.

Групите кои на терен им помагаат на бегалците сметаат дека ова е нечесно од страна на властите, бидејќи дел од бегалците морале да предадат половина од средствата што ги имале, и бараат оваа мерка да се промени.

„Ако имате вредни предмети над 1000 швајцарски франци (или пари) кога пристигнувате во прифатен центар за бегалци должни сте тие средства да им ги предадете на властите“, пишувало во документот.

Претходно во Данска беше предложен закон, според кој бегалците кои при пристигнувањето имаат сума поголема од 10 000 круни, може да остават за себе само 10 000. Во претходната верзија на документот се зборуваше за заплена на злато и други скапоцености.

Потоа данските власти одлучија да не им ги одземаат венчални прстените, часовници и други предмети, кои претставуваат сентиментална или битна вредност. Заедно со тоа, по критика од Агенцијата на ОН за бегалци, Данска го зголеми износот што бегалците можат да задржат за себе.