Бегалците кои се обидуваат нелегално да преминат, се враќаат на грчка страна

0
773

Поголема група од околу 700 мигранти попладнево успеале да влезат нелегално во Македонија преку гевгелиското село Моин. Од МВР велат дека полицијата успеала да ги детектира бегалците и тие заедно со новинарите кои ги следат ќе бидат вратени на грчка територија.

Според податоци на властите, на територија на Грција веќе има 44.532 бегалци. Поголем дел од нив 23.042, се во северна Грција. На островите се регистрирани 9.264 бегалци. На пунктот Идомени има 12.000. Крај Кукуш 3.540, во Поликастро 3.370 и во Диавата има 2.003 бегалци и мигранти.