Бегалците од Балканот мора да се вратат дома

0
298

Во Германија пристигнуваат многу луѓе од „сигурните“ балкански земји, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека тие ќе мора да се вратат дома, доколку немаат основа за азил, а повеќе од нив немаат, пренесуваат германските медиуми.

Меркел изјавила дека не постои законско ограничување кога се работи за бројот на луѓе кои бегаат од политички прогон, а кои Германија може да ги прими, но сепак повторила дека луѓето кои немаат право на азил мораат брзо да бидат вратени дома.

На прашањето колку бегалци годишно може Германија да прифати, Меркел одговорила дека не може да изнесе конкретна бројка.

„Основното право за азил на луѓето кои се изложени на политички прогон не познава горна граница, а тоа се однесува не бегалците кои кај нас пристигнуваат бегајќи од пеколот на граѓанската војна“, рекла германската канцеларка./крај/мф/бс