Бегство од добро чуван американски затвор

0
185

Двајца осудени убијци побегнале од затвор со највисок степен на безбедност во американската држава Њујорк, а полицијата соопшти дека вендаш во саботата покренала масовна потера по нив.

Властите наведуваат дека бегалците имале добро разработен план за бегството, како и дека ископале дупка во ќелиите во затворот во Данморa, недалеку од американската граница со Канада. Гувернерот Ендрју Куомо предупреди дека избеганите затвореници се опасни.

Во текот на утринската проверка на ќелиите во саботата, било откриено дека 34-годишнот Дејвид Свејт и 48-годишниот Ришар Мат побегнале.

Свејт е осуден на доживотна казна затвор поради убиство на заменик шериф, а Мат е осуден на 25 години затвор а најмногу доживотно, без право на помилување пред 2032 година, поради убиство, земање во заложништво и грабеж.