Бејл и Робсон-Кану го потпишаа првиот велшки триумф на едно ЕУРО

0
543

Велс ја победи Словачка 2-1, во пресметката на дебитантите на европските првенства.

Градот Бордо и имињата на Бејл и Робсон-Кану влегоа во историјата на вечлшкиот фудбал. На стадионот во Бродо, Велс со головите на споменатите двајца фудбалери славеше над Словачка со 2-1 и во дебито на континеталните првенства ја запиша првата победа.

Бејл го отвори резултатот по десет минути игра, играчот на Реал изведе слободен удар од 26-27 метри, топката имаше чудно движење и иако одеше по срединат од голот успеа да го измами Козачик.

По еден час игра Словаците израмнија преку Дуда, кој нецела минута претходно влезе во игра. Дуда одлично ја испрати акцијата на Мак и од 12 метри го совлада Вард.

Уште еден резервист беше стрелец на овој меч, Велшанецот Робсон-Кану погоди по акцијата на Рамзи во 81.минута.