Бејли и Орав бараат исполнителност од лидерите

0
415

Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, излегоа со заедничка изјава во која ги повикаа политичките лидери во Македонија да го спроведат тоа што го потпишаа и да обезбедат услови за кредибилни избори. Според нив, тука спаѓаат и итните реформски приоритети, со порака да не се пропушти оваа можност за избори како таа на 6 април.

„Политичките лидери на оваа земја имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата назад на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на итните реформски приоритети.

ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот во нивната работа за создавање на услови за кредибилни избори.