Бејли: Кампања без заплашувања и насилство

0
215

Лидерите треба да спроведат кампања без заплашување и насилство и да не креваат политички и меѓуетнички тензии.

Ова е пораката од амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, објавена на неговиот твитер профил, по повод почетокот на предизборната кампања.

Тој, исто така ги повика граѓаните да го искористат своето демократско право на глас.

„Секој глас се смета. Ги повикуваме сите граѓани да го искористат нивното право да гласаат и да ја определат иднината на својата земја“, порачува Бејли.

Американскиот амбасадор додава дека целосно се согласува со заедничката изјава на амбасадорите од ЕУ во Македонија во која тие нагласуваат дека изборите се можност за нов почеток на Македонија.