Бејли: Се работи на изнаоѓање решение за излез од политичката криза

0
402

Американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека дипломатите во земјата продолжуваат да работат заедно со партиите за излез од политичката криза и дека „посветеноста е силна“.

„Заедно со мојот колега од Европската делегација сме во контакт со партиите и работиме со нив на изнаоѓање решение за излез од политичката криза. Нашaте посветеност е силна и продолжуваме да работи на тоа“, изјави Бејли, пренесува OhridNews.

Бејли во средата во Охрид присуствуваше на меѓународната конференција за активен туризам, поддржана од USAID и владата на Швајцарија.

Тој рече дека американската амбасада во Македонија со задоволство ја поддржува оваа конференцијата за развој на туризмот на којашто се дојдени над 300 делегати од целиот свет. Конференцијата што се подготвува веќе две години е составен дел од нашите напори во проектот за поддршка на мали бизниси, појасни Бејли