Бејли замина од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пристигнаа Јанкулоска и Милошоски

0
528

Сè уште не се знае кога и дали ќе има седница на парламентот до вечерва на полноќ кога стапува во сила распуштањето на Собранието изгласано минатиот месец. Засега сите варијанти се во игра – од седница за поништување на одлуката за распуштање до седница на која само би се констатирале оставките на функционерите од СДСМ во владата, кои во текот на денот ги најави министерот за внатрешни работи и генерален секретар на партијата Оливер Спасовски.

Дел од порталите објавија дека Амбасадорот на САД, Џес Бејли, по поминати повеќе од два часа го напуштил седиштето на ВМРО ДПМНЕ, а во просториите на партијата  пристигнале поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и пратеникот Антонио Милошоски.