Белата куќа: Нема да има средба меѓу Трамп и Путин

0
139

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот на Југоисточна Азија во Виетнам, соопшти Белата куќа. „Во врска со средбата со Путин, никогаш не беше потврдено и нема да има никаква средба“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс пред слетувањето на авионот на претседателот Трамп во веитнамскиот град Дананг. Таа сепак не исклучи дека двајцата претседатели би можело да имаат помалку официјална средба во Дананг или подоцна на Филипините каде што ќе учествуваат на друг регионален самит.

https://www.slobodnaevropa.mk