Белгиската полиција уапси браќа што подготвувале нов терористички напад

0
467

Белгиските безбедносни служби спречиле нов веројатен терористички напад во земјата.

Сојузниот обвинител изјави дека двајца браќа се уапсени по серијата рации во текот на ноќта.

Осомничените, именувани како Нуредин Х. и Хамза Х., според белгиските закони за приватност, се приведени на сослушување.

„Двајцата се осомничени за планирање терористички напад некаде во Белгија“, рече портпаролот. „Засега не постои поврзаност со терористичките напади на 22 март 2016 година на бриселскиот аеродром и метро-станица“.

Канцеларијата на федералниот обвинител не откри други детали.

За време на претресот на седум куќи во Монс и Лиеж не се пронајдени оружје и експлозиви.