Белгиската полиција уапси четири лица за врски со ИД

0
346

Властите во Белгија соопштија дека уапсиле четворица под сомневање дека регрутирале луѓе за таканаречената Исламска држава и за планирање на нови терористички напади. Полицијата прецизира дека кај нив биле пронајдени траги кои укажуваат дека заговарале нови напади во белгија. До ова дојде само два месеца откако тројца бомбаши самоубијци извршија координирани напади во Брисел при што загинаа 32 лица.