Белгискиот премиер не исклучува нови напади во земјата

0
250

Белгискиот премиер Шарл Мишел не ја исклучува можноста од нови терористички напади во Европа во целост, како и во Белгија.

„Ќе има други напади во Европа и, можеби, дури и во Белгија“, го цитира во саботата белгискиот премиер електронското издание на списанието Libre Belgique.

Во белгиската престолнина Брисел на 22-ри март утрото се случија две експлозии на аеродромот Завантем, а по кусо време и на станицата од подземната железница Малбек. Во двата напада смртно настрадаа 32 лица, како и тројцата бомбаши самоубијци, а ранети беа повеќе од 340 луѓе.

Во Белгија по париските атентати од 13-ти ноември, на сила е третото ниво на тревога од можни терористички напади, на скалата од чети нивоа./крај/мф/сн