Белгискиот премиер остана без државни телохранители

0
224

Белгискиот премиер Шарл Мишел е принуден да го плаќа личното обезбедување до свој трошок, пишува во саботата весникот De Tijd.

Според весникот, белгиското координативно тело за анализа за анализа на закани Ocam оваа мерка ја донесло поради намалувањето на нивото од потенцијалните закани по животот на шефот на белгиската влада за еден степен од 3 на нивото 2+.

Оваа одлука значи дека на премиерот во моментов не му е неопходно лично обезбедување од припадниците на службата за државна безбедност.

Според информациите на магазинот, самиот премиер Шарл Мишел, напротив, смета дека потенцијалната опасност по неговата лична безбедност е зголемена, и затоа тој решил да ангажира приватно обезбедување./крај/мф/сн