Белгискиот премиер смета дека нападот во Шарлероа е терористички чин

0
314

Белгискиот премиер Шарл Мишел не ја исклучи можноста дека станува збор за терористички напад во случајот од саботата попладнето кога маж вооружен со мачета рани две полицајки пред главната полициска станица во градот Шарлероа.

„Иницијалните индиции многу јасно упатуваат на тероризам“, изјави белгискиот премиер Шарл Мишел за телевизијата RTL. Претходно преку социјалните мрежи остро го осуди овој напад.

Напаѓачот вооружен со мачета ги нападнал двете полицајки пред главната полициска станица во Шарлероа, едната тешко повредувајќи ја по лицето додека другата минала со полесни повреди, извикувајќи „Алаху Акбар“ (Господ е голем), повик кој го извикуваат често џихадистичките бомбаши самоубијци.

Напаѓачот беше застрелан од трето полицаец на самото место на нападот, и пренесен во полицијата каде што почина. Засега не е познат неговиот идентитет.

Премиерот Мишел го прекина годишниот одмор на југот од Франција и во текот на ноќта се враќа во Белгија, каде што во неделата ќе со сретне со челниците на безбедносните служби./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY