Белгиските власти го екстрадираа Салах Абдеслам во Франција

0
324

Белгија го екстрадираше во Франција главниот осомничен за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам.

Тој беше ранет и уапсен во драматична полициска операција во Брисел на 18-ти Март, откако 4 месеци безбедносните органи во Белгија и Франција неуспешно се обидуваа да го лоцираат.

26 –годишниот француски државјанин, Салах Абдеслам, бил роден во Брисел, каде и живеел пред нападите во главниот град на Франција.

Повеќе од 130 луѓе беа убиени а повеќе десетици ранети во координираните напади на Исламската држава во Париз на 13-ти Ноември.

Федералниот обвинител соопшти дека Абдеслам бил предаден утринава на француските власти, врз основа на потерницата објавена на 19-ти Март оваа година.