Бензините и дизелот поевтинуваат

0
753

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 60,5 денари за литар, а 62,5 денари ќе се плаќа за литар ЕУРОСУПЕР БС -98.
Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 46,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 35 денари.

Малопродажната цена на мазутот М – 1 НС се намалува за 1,067 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 24,139 денари.