Бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена

0
619
???????????????????????????????

Бензините поевтинуваат за половина денар, a цената на дизелот не се менува, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се намалува за 0,5 денари и од полноќ ќе изнсува 63,50 денари за литар, додека на „Еуросупер БС-98“ намалувањето е за еден денари и ќе изнесува 65 денари за литар.

Комисијата не ги промени  малопродажните цени на „еуродизелот (Д-Е V)“ и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). „Еуродизелот“ ќе се продава за 50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и натаму ќе изнесува 38,50 денари за литар.