Бензините поевтинуваат два денари, цената на дизелот непроменета

0
297

Малопродажбата ценат на бензините ноќеска на полноќ се намалува за два денари по литар, килограм мазут поевтинува близу еден денар, додека цената на дизелот и на есктралесното масло за домаќинство останува непроменета.

 Согласно одлуката, новата цена на еуросупер БС-95  изнесува 62,00 денари за литар, додека литар еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 64 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,859 денари за килограм, со што новата цената на М-1 НС изнесува 19,901 денари.

Малопродажните цени на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и 49,00 денари, односно , а 37,5 денари за литар.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период е за 1,78 отсто пониска од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во наведениот период изнесуваше е за 1,652 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.