Бензините поевтинуваат три денари, цената на дизелот без промена

0
465

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за три денари од ноќеска на полноќ, додека цената на дизелот не се менува,а  екстралесното поскапува за половина денар, одлучи во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата дена еуросупер БС-95 изнесува 55 денари за литар, додека за еден литар еуросупер БС-98 треба да се одвојат  57 денари.

Цената на литар еуродизел останува 41 денар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува на 30 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,573 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 14,673 денари за еден килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период

изнесуваше 31,548 долари за барел и е за 1,65 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта  по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.