Бензините поевтинуваат за три денари, дизелот за два

0
3317

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари од литар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 ден/лит. Еуродизелот ќе се продава по 49 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство за 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,527 ден/кг и ќе изнесува 20,760 ден/кг.