Бензините поевтинуваат за три, дизелот за два денари

0
473

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари, а цената на дизел горивата се намалува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 6,71, односно 4,38 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 65 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ-V) ќе се продава за 49, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,145 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,252 денари за килограм.