Бензините поскапуваат 2, дизелот 3 денари

0
432

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва бензините поскапуваат по 2, дизелот 3 денари!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 5.64 проценти.

Тоа значи дека од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2 денари, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 64 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 66 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 3 денари, и еден литар ќе чини рамно 50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.