Бензините поскапуваат за 2,5, а дизелите за 1,5 денари за литар

0
350

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 7,85, односно за 4,43 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 45, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 33,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,139 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 16,837 денари за килограм.

Без коментари

LEAVE A REPLY