Бербатов пред потпис со турскиот Галатасарај?

0
321

Медиумите во Турција соопштија дека гигантот Галатасарај сака да го купи поранешниот репрезентативец на Бугарија, Димитар Бербатов. Клубот е подготвен да му понуди 3 милиони евра годишно на 34 годишниот напаѓач и ќе се обиде да го примами со учеството во Лигата на шампионите. Астон Вила е главен фаворит за неговиот потпис, но во игра се уште неколку сериозни кандидати како Евертон и Вердер Бремен.