Беснеат пожари и во Црна Гора

0
1678

На оваа фотографија се гледа пожарот кој вечерва е активен кај Сутоморе, а ни ја испрати битолчанецот Влатко Момировски кој е на годишен одмор во Црна Гора.

На Луштица и од Грабовица до Бигово пожарот што беше засилен од ветровите и им се закануваше на населбите сега е под контрола, така што е одложена евакуацијата на жителите .

“Ситуацијата на теренот е многу тешка.Огромниот пожар се пренесува од страна на силен ветер. Се бориме и се надеваме дека брзо ќе го изгаснеме огнот”, изјави командантот на службата за спасување на Котор, Максим Мандиќ.Пожар има и на неколку локации околу Тиват.

“Ситуацијата е алармантна и немаме помош од воздух, поради силниот ветер кој постојано го врти правецот. Сите сме тука во областа, целиот персонал, опремата, техниката. Оставени се само неопходни сили да го бранат градот ако треба. Ситуацијата е драматичните и алармантна. Затоа ги молам сите што можат да ни помогнат да излезат на терен “, повика Мандиќ, пренесува агенцијата Макфакс.