Бесплатен превоз за студентите и „средношколска среда“

0
543

Сите редовни студенти на државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен превоз на сите линии. За оваа намена ќе добијат картички од јавните сообраќајни претпријатија.

Од годинава стартува и проектот „средношколска среда“ кој предвидува, на сите средношколци од државата секоја среда да им бидат обезбедени бесплатни билети за железничкиот превоз, жичницата на Водно, за во кино и театар.

Двата нови проекта ги најави премиерот Никола Груевски на 7 декември во обраќањето на свечената академија по повод државно-црковниот празник Свети Климент Охридски.