Бесплатни обуки за невработените за компјутерски вештини

0
1061

Невработените граѓани ќе имаат можност да посетуваат бесплатни обуки за стекнување на компјутерски вештини. Агенцијата за вработување склучи договор со „Мегасофт плус” од Битола за изведување на обуките за невработените од Пелагонискиот регион, кој покрај Битола, ги опфаќа и Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Ресен. Обуките се финансирани од Европската унија во рамките на проектот за „Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени “.megasoft

-Ги охрабрувам сите невработени лица до 29 години, долгогодишни невработени и жени кои се активни баратели на работа да дојдат во Агенцијата за вработување во Битола или во Центрите во Пелагонискиот регион да се вклучат во бесплатните обуки, рече Јасмина Кочанковска, соработник, мониторинг на проекти во Битола.  jasmina

Обуката ќе се врши од септември 2015 до декември 2016. 

-Моментално работиме со две групи во Битола и една во Прилеп. Уписите се во тек, се уште се пријавуваат, имаме групи што сега се евалуираат во Агенцијата, изјави Антоанета Петровска, Мегасофт Плус.antoaneta

Програмата е поделена на неколку нивоа.

-Се работи за 64 часа, курсот трае 3,5 до 4 месеци, ќе бидат опфатени Windows, Word, Excel, Power Point, интернет, доволно ниво да се добие знаење од канцелариска работа, рече Петровска.

Со проектот е предвидено 2000 невработени лица да учествуиваат во обуки за општи вештини, кои ќе им помогнат да ја подобрат својата конкурентност на пазарот на трудот и да ги зголемат можностите за вработување.

Без коментари

LEAVE A REPLY