Бесплатни обуки за ранливи групи на граѓани

0
470

Центарот за едукација и консултација Лотус од Битола, организира бесплатни обуки за ранливи категории на граѓани.
Обуките е предвидено да траат два и пол месеци, односно да завршат до средината на јуни, а граѓаните имаат можност да посетуваат повеќе видови на обуки.
Со истите им се дава можност на граѓаните бесплатно да се стекнат со вештини и стручни знаења.
Овие програми се комбинација од стекнување вештини за подобрување на продуктивноста на поединците .Едукативниот центар Лотус се наоѓа на локација во Пелагонка 2 на втори спрат.