Бесплатните билети за автобус се печателе

0
524

По вчерашната реакција на лице од Битола кое треба да добива бесплатен автобуски билет за градскиот превоз, а се уште не го добил, денеска со реакција се јави Општина Битола. Владимир Прчков од општина Битола, вели дека секоја година во февруари им издавале такви билети. И годинава тоа ќе се случи, сега ги печателе, а од понеделник ќе им бидат поделени на здруженијата на лица со хендикеп. Прчков уште вели дека вчерашната реакција на Трампевски не била став и реакција на здруженијата, туку негов личен став и негодување.